Компании

EZIMIT

ezimit

Езимит е компанијата која е главно фокусирана на креирање стратегии за раст и развој на компаниите во семејството ЕЗИМИТ, дисперзирани во различни индустрии и различни сфери на делување. Менаџментот на компанијата ги дава суштинските насоки, ги концепира плановите за инвестиции и се грижи за конзистентноста на квалитетот на ниво на сите поединечни компании. Постојаниот мониторинг и редовното контролирање на процесите, како и планирањето на инвестиции во ресурсите на компаниите, се дел од главниот фокус на менаџментот на Езимит, од каде се иницираат обуки на стручен кадар  како и сертификации за потврдување на врвните стандарди на работење на градење и потврдување вредности .

Примарна дејност на ЕЗИМИТ е увоз и извоз, при што тимот на оваа компанија е задолжен за сите процедури и активности поврзани со извозот на вино.  Целокупниот извоз на вино е потфат со кој членовите на тимот на ЕЗИМИТ се носат со задоволство и ефикасно одговараат на сите предизвици за испраќање на виното ЕЗИМИТ до дестинации ширум светот.

.

Менаџментот на компанијата посветува особено внимание и се грижи за човечките ресурси. Потребите на нашите вработени се интегрален дел од нашето дејствување. Редовно се спроведуваат обуки на вработените за континуирано стекнување нови вештини и знаења, размена на искуства и обезбедување личен и професионален развој на своите вработени, како и спроведување на нормативи и стандарди во компаниите кои што се членки на групацијата.

ЕЗИМИТ е една од првите компании во Македонија која што го има имплементирано IFS стандардот за храна.

 

 

Одбор на директори

Зоранчо Митровски

Основач

Душица Стамениќ Арсовска

Филип Блажески

Сузана Бајрактарова

Александар Манев

Дејан Климовски

Вито Митровски

Жељко Мишиќ