Компании

TERRA MAKEDONIKA

Инспирирани од природата, водени од желбата да создадеме поинакво вино, потпирајки се на искуството и на најдобрата технологија го создадовме виниото Тера Македоника.
Тера Македоника е суво црвено вино од сортата Вранец по чиј вкус трагавме повеќе од 15 години. Уникатноста на Тера Македоника лежи во допирот на виното со лековитите билки и диви цветови кои растат на ова поднебје.

Успеавме да го надминеме најголемиот технолошки предизвик и да ја пренесеме животворната сила на Македонскиот тероар, со неа да ги засилиме добро познатите придобивки на виното, но притоа да го зачуваме евтентичниот вкус на Вранецот.

Leave a Reply